93 години од разорниот земјотрес во Валандово – 6.7 степени по Рихтер

Пред 93 години на 8 март 1931 година, градот Валандово бил погоден од серија земјотреси. Од вкупно 22 умерено силни до силни земјотреси, кои се случиле на 7 и 8 март, два биле со магнитуда ML≥6.0.

Едниот од нив воедно е и најсилниот досега познат земјотрес во овој регион, со магнитуда од 6.7 степени и длабочина на хипоцентарот од околу 16 km. Земјотресот бил почувствуван со максимален интензитет од X степени според EMSC-98.

За време на земјотресот од 1931 година биле оштетени околу 45 населени места, од кои 29 во најтесното епицентрално подрачје (регионот на Валандово) и 16 во неговата непосредната околина (регионот на Струмица).

Во епицентралното подрачјето, 89% од градежниот фонд било уништено, додека во непосредната Валандовска околина е уништен 39%.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното