Четири лица заразени со индискиот сој на коронавирус, а во текот на денот се очекува да пристигнат резултатите за уште четворица пациенти, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Додава дека ниту еден од заразените не бил вакциниран и дека немале меѓусебен контакт.
Министерот Филипче најави дека од следната недела ќе стартува теренската вакцинација на населението.
Во повеќе од 100 земји веќе е регистриран овој сој, а некои држави почнаа да бараат и ПЦР тест за делта сојот. На прашањето дали се очекува да се воведе мерка за барање ПЦР тестови за државјаните на овие земји, Филипче со одговор дека неделава ќе го анализираат ова прашање.
Во однос на тоа дали делта сојот ќе влијае врз почетокот на новата учебна година со физичко присуство, Филипче со став дека е многу рано да се зборува за тоа, додавајќи дека се врши интензивна вакцинација на наставниците и дека се подготвени сите сценарија кога станува збор за претстојната учебна година.
ТВ21