Македонија

Д-р Пановски: Не би препорачал вакцинација на деца

Главен фокус на вакцинацијата во моментов треба да се возрасните и ранливите групи на граѓани, а не децата, изјави микробиологот д-р Никола Пановски за „360 степени“ во врска со најавите од Министерството за здравство дека од понеделник ќе се дозволи вакцинација на деца од 12 до 16 години со вакцината „Фајзер“.

„Мислам дека прво треба да се вакцинираат луѓето над 60 години. Не знам зошто би се вакцинирале децата, мислам дека целата работа е некако наопачки. Вакцинирањето е доброволно и пак ќе си ги вакцинираат децата оние што веќе се вакцинирани и нема да се заштитат фамилиите каде никој не е вакциниран. Не знам, може е само најава, но очигледно има потреба да се вакцинираат ранливите, ризичните групи на граѓани. Не е во ред да се заштитутваат тие луѓе со тоа што ќе ја вакцинираме нивната околина и тоа децата кои лесно го поминуваат вирусот. На 17 отсто проценти вакцинирани граѓани да се зборува за вакцинирање на деца, тоа не ми е логично. Тоа може да се зборува кога ќе имаме 75-80 отсто вакцинирано население“, вели Пановски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни