Педесетина деца со нетипични симптоми за овој период побарале лекарска помош во гевгелиската општа болница. Тим доктори од Скопје предводени од директортката Аспазија Софијанова денеска извршија увид, а вечерва треба да биде позната и причината.
Според клиничката слика на децата, докторката се сомнева на пост ковид симптоми или заспан имунитет.
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска рече дека нѐ чека интензивна работа за ресоцијализацијата на децата, на кои им се смени начинот на живот и имаа проблем со тоа што им се прекина дружбата во коронакризата.
Докторката Софијанова вели дека колегите известиле дека такви случаи има и во многу други градови. Таа тврди дека по извршената контрола, ќе можат да излезат со конкретни резултати и заклучоци.
Во Велингтон се хоспитализирани 46 деца со респираторни болести, вклучувајќи го вирусот РСВ. Дел од нив се новороденчиња и многу од нив се на кислородна поддршка. И другите болници ширум Нов Зеланд имаат зголемен број случаи.