Живот

Кашмирски сафир од 27 карати продаден за над 2 милиони евра

Кашмирски сафир од 27 карати, вметнат во прстен од платина и жолто злато и обрабен со двоен кружен слој дијаманти, достигна цена од 2,1 милион евра на аукција во Монако.

На два до три милиони евра беа одредени и првичните проценки.

На наддавањето во „Кафе де Пари“ почетната цена била 1,7 милиони евра, а седум купувачи, по телефон, се натпреварувале сѐ до конечниот удар на чеканчето на лицитацијата.

Наддавањето го спрведе аукциската куќа „Отел де Вонт де Монте Карло“ (ХВМЦ).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни