Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.002 бројката на оздравени пациенти е 181.196, на починати е 6.849, а бројот на активни случаи изнесува 6.957.
Денес се регистрирани 111 нови лабораториски позитивни случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица 195.002, информираат од Министерството за здравство.
Оздравени се 165 пациенти, а во изминативе 24 часа пријавени се 15 починати лица, на возраст од 54 до 91 година.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште три починати лица, со датум на смрт од 09.09.2021 до 11.09.2021 година.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.002 бројката на оздравени пациенти е 181.196, на починати е 6.849, а бројот на активни случаи изнесува 6.957.
Досега во земјата се направени вкупно 1.324.894 тестирањана Ковид-19.