Македонија

На Блаце уапсен маж баран за тероризам – има две затворски казни од по осум години

На Блаце уапсен маж баран за тероризам – има две затворски казни од по осум години

На граничниот премин Долно Блаце денеска е уапсен 43-годишен жител на скопското село Кондово, кој бил баран со две централни и меѓународни потерници за издржување затворски казни.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Ф.Т. бил приведен на 15 октомври 2026 година, при влез во Македонија.
Против него биле распишани потерници по наредба на Основниот кривичен суд Скопје, за издржување казна затвор од осум години за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, како и казна од осум години за кривичното дело „тероризам“.
Од МВР информираат дека уапсениот ќе биде предаден на надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни