Македонија

ДУИ утре во Струга ќе држи митинг во див објект, кој наместо спортска сала станал ресторан за свадби?!

Политичката партија ДУИ, утре ќе одржи предизборен митинг во Струга, но за граѓаните кои ја контактираа нашата редакција тоа е спорно и спротивно на како што велат тие зелената агенда на партијата.

„Со ова ДУИ сам е против нивната зелена политичка агенда, бидејќи предметниот објект се наоѓа на првата линија на езерото. Со утрешниот митинг тие ги амнестираат злоупотребите, дивите објекти и урбаниот хаос во Струга“, пишува жител на Струга, кој сакаше да остане анонимен.

Тој додава дека и претходно за овој објект се кревало прашина, бидејќи бил изграден со дозвола за спортска сала, а во реалноста тој е ресторан за свадби.

4NEWS.mk во иднина ќе ги истражува овие документи кои беа доставени до нашата редакција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни