Македонија

Започнува тестирање на ученици за ковид-19, дали е оправдано?

Се знае колкава бројка во кој од класовите во кои училишта ќе бидат опфатени согласно бројката на училишта во општините и ученици во тие училишта, и основни и средни.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека моделот за скринингот на учениците од основните и средните училишта е готов и утре заедно со Министерството за образование ќе почнат да бараат дозволи од родителите.

-Закаснивме една недела. Требаше да започне скринингот оваа недела, претходна да биде завршен. Меѓутоа, нешто подолго потрае анализата на бројот на учениците во училиштата, основни и средни. Така што, со оглед на тоа што сега е готова методологијата, од утре ќе почнеме да бараме заедно со МОН писмена согласност од родителите согласно методологијата. Јас верувам дека до крајот на оваа, почетокот на следната тоа ќе се обезбеди, за да од следната недела се спроведе скринингот, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека моделот за скринингот на учениците од основните и средните училишта е готов и утре заедно со Министерството за образование ќе почнат да бараат дозволи од родителите.

Во однос на дополнителната препорака и мерка за влез во затворени објекти само на лица со две примени дози вакцина, Филипче најави дека ќе се дискутира на следниот Централен штаб во Владата што треба да се одржи наредниот понеделник согласно препораките на Комисијата за заразни болести.

-Веројатно ќе оставиме уште една или две недели дополнитени со оглед на тоа што веќе е најавено, за да почне да важи препораката да во сите затворени места, согласно сегашните мерки на Комисијата, наместо со една доза биде потребен сертификат со две дози на примени вакцини, посочи министерот за здравство Венко Филипче по настанот за подигање на свесноста за значењето на донирање органи и ткива, како и коскена срцевина во лекување и спасување човечки животи.

Целта на скринингот, како што порано минатата недела изјави Филипче, е да се утврди дали постојат асимптоматски носители на вирусот меѓу децата и дали тој се пренесува во самите училишта. Со скринингот треба да се опфатат околу 8 200 деца, кои ќе се тестираат по случаен избор, за што ќе се бара и писмено одобрение од родителите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни