Македонија

ДОАЃААТ НОВИ МЕРКИ: Во објекти само со две дози вакцина – се размислува за задолжителна вакцинација

Владата ќе усвои нови мерки за заштита на населението до ковид-19. Тие би наложиле, за влез во затворен објект да се има две дози вакцина.

-Ќе може да влегуваат само вакцинирани со две дози, наместо како досега само со една. Освен тоа, засега не се размислува за други мерки, истакна министрот за здравство Венко Филипче.

Тешко е, рече тој, да се зборува за очекувања, но може да се види од досегашните искуства дека овој бран беше силен и имаше голем број новодијагностицирани пациенти на кои им беше потребно болничко лекување, само во градовите каде е низок опфатот со вакцинација, а во градовите каде тој опфет е повисок „нема гужви во болниците“.

– Не очекуваме силен бран, односно притисок во болниците, но сме спремни да се прифатат пациентите во кој било град, рече Филипче во одговор на новинарски прашања.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни