Слаби потреси се регистрирани утрово во недела во Албанија.
Земјотресот бил со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Химара.
Не е пријавена материјална штета.
Ова е трет земјотрес што ја потресува Албанија за неколку дена. Потсетуваме дека пред една недела земјотрес со јачина од 4,5 степени беше почувствуван во Лежа и неколку други градови во земјата, предизвикувајќи паника кај граѓаните.
