Македонија

Филипче ја поттикнува вакцинацијата – Чолакова со предлог до Филипче да ги смени советниците

Новиот предлог на министерот за здравство, Венко Филипче, за стимулирање на вакцинацијата, според кој матичниот лекар ќе биде награден со 30 денари по пациент доколку надмине 70% на вакцинација на вкупниот број, наиде на незадоволство кај Здружението на матични лекари.

Тие овој предлог го сметаат како непристоен.

Од таму го изразуваат своето незадоволство што веста ја дознале од новинарите и воопшто не биле консултирани за оваа препорака.

„Му предлагам на Филипче да ги смени советниците бидејќи навистина многу лошо го советуваат“, вели во изјава за ТВ21 претседателката на Здружението на матични лекари, Лилија Чолакова Дервишова.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни