Македонија

ЦРН ДЕН ВО МАКЕДОНИЈА: 19 починати лица од ковид-19, најмладиот 32 години

Министерството за здравство информираше дека од направени 2.547 тестирања, регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19:

Регистрирани сe 309 оздравени пациенти, и 19 починати.

  • 6 починати лица од Скопје (52г, 66г, 78г, 79г, 88г, и 91г)
  • 5 починати лица од Битола (59г, 69г, 79г, 80г и 86)
  • 2 починати лица од Велес (38г и 72г)
  • Едно починато лице од Штип (71г)
  • Едно починато лице од Пробиштип (89г)
  • Едно починато лице од Кавадарци (32г)
  • Едно починато лице од Кочани (66г)
  • Едно починато лице од Гевгелија (58г)  
  • Едно починато лице од Македонска Каменица (65г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.467.751 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.009, бројот на оздравени пациенти е 199.064, на починати е 7.547, а бројот на активни случаи изнесува 8.398.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни