Марин Ле Пен, чија екстремно десничарска партија, Националното собрание, денеска направи голем напредок во вториот круг од парламентарните избори во Франција, вети дека ќе претставува „цврста“ опозиција која ги почитува институциите.
Нашата пратеничка група ќе биде убедливо најбројна во историјата на нашето политичко семејство, им порача Ле Пен на своите поддржувачи во Хенин-Бомон на северот на Франција.
Според резултатите од излезните анкети, Националното собрание ќе добие од 60 до 100 пратенички места, што е значително подобрување за таа партија.
Сепак, центристите на францускиот претседател Емануел Макрон го загубија апсолутното мнозинство во парламентот.
Според првите резултати од излезните анкети, центристичката коалиција Ансамбл на Макрон освои меѓу 200 и 260 места, додека за апсолутно мнозинство потребни се најмалку 289 од 577 места во парламентот.
На второ место е левиот сојуз предводен од лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон, Новиот народен еколошки и социјален сојуз (Нупе), со 150 до 200 пратенички места.