Сезоната за пливање на базените е отворена, а за квалитетот на водата се грижат јавните здравствени заводи. Меѓутоа, за да не „фатите“ инфекција, потребно е да земете предвид неколку правила при престојот на базен.
Не го прескокнувајте тушот
На влезот во базенот и на излезот од тоалетот има бариери за дезинфекција – тушеви.
Често може да се види дека посетителите на базенот ги прескокнуваат или ги заобиколуваат за да не мора да се соблекуваат, но нивната употреба е задолжителна и на тој начин го штити вашето здравје.
Една од обврските на капачите е да се тушираат пред да влезат во базен, а не само после капење.
Специјални пелени за бебиња
Се подразбира дека нема да уринирате во базен, но се подразбира и дека вашето дете не треба да го прави тоа. Затоа има специјални пелени за мали деца.
Не седете на работ на базенот
Ризично е да седите на работ од базенот каде што се мрежите за базен бидејќи таму може да се очекува поголема количина на нечистотија, па постои ризик да се заразите.
Бидејќи во базенот треба постепено да се влегува, наместо да седите на работ на базенот, се препорачува да влегувате во базенот по скали.
Други правила за базен
За престојот да биде пријатен за вас и за останатите посетители, треба да земете во предвид и уште неколку правила на базените.
Одење во кафуле
На капачите им се препорачува да се пресоблечат пред да влезат во кафуле во рамките на базенот. Ако не сакате да го смените костим за капење или ако сте „потрошиле“ резервен костим за капење, тогаш понесете сува крпа за да седнете на него, а не директно на столот.
Заштита од сонце
Базените, особено за време на викендите, се полни со посетители, а никогаш нема доволно чадори и сенка за секого. Понесете шапки со широк обод, светло бели маички и нанесете добра крема со заштитен фактор, без разлика дали веќе имате „боја“ или се уште сте „бели“.
Од 10 до 17 часот не треба да се изложувате на сонце, а водата најмногу „гори“. За жал, базените обично почнуваат да работат околу 9 или 10 часот, па затоа внимавајте како ќе се заштитите од УВ зрачењето.
Не им пречете на другите
Скокањето во базенот е забрането, а не треба ни да се фалите со своите пливачки способности користејќи стил на пеперутка за да не ги вознемирувате оние кои се веселат во водата.
Исто така, на секој базен се пушта одредена музика, најчесто радио станица. Не треба да носите свои засилувачи и да пуштате музика што ви одговара и веројатно им пречи на другите.