Здравје

Дали знаете кое моќно овошје е идеално за високи температури?

Дали знаете кое моќно овошје е идеално за високи температури?

Постојат неколку варијанти на праски, но нивните хранливи вредности се многу слични. Праските се исто така многу богати со вода и освежителни и затоа исклучително погодни за консумирање на високи летни температури.

Здравје на срцето

Тие се богати со бета-каротин, претходник на витаминот А, кој е неопходен за здравјето на очите и кожата. Со оглед на тоа што се богати и со витамин Ц, помагаат за подобро асимилирање на железото во организмот, пишува Живим.хр.

Витаминот Е што го содржат е ефикасен за спречување на формирање на артериски наслаги и развој на атеросклероза, а витаминот Б2 е корисен за здравјето на очите и кожата. Праската содржи и минерални соли како фосфор, магнезиум и калиум, што е особено важно за здравјето на срцето.

Поради високата содржина на влакна, праските помагаат во намалување на нивото на холестерол во крвта и го регулираат крвниот притисок. Едно поголемо овошје обезбедува пет до девет проценти од препорачаната дневна количина на влакна за возрасен. И тука треба да се забележи дека кората на овошјето е најбогата со влакна.

Енергија

Праската е богата со витамин Б3, кој учествува во многу метаболички реакции и е особено заслужен за создавање енергија.

Тие се најздрави и даваат најголемо освежување кога се јадат свежи, но од нив можете да направите и компот (внимавајте на количината на додаден шеќер), да ги додадете во каша или јогурт за појадок или од нив да направите вкусен густ сок.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни