Наука и технологија

Научниците создадоа безболни и без крв тетоважи

Научниците создадоа безболни и без крв тетоважи

Научници од Соединетите Американски Држави создадоа евтини, безболни и безкрвни тетоважи кои човек може сам да ги направи, објави електронското издание Euricalert.

Освен за разубавување на кожата, тие можат да имаат многу различни намени, од обезбедување медицински сигнали до следење на стерилизирани животни, а исто така и за козметички цели.

Развојот е дело на специјалисти од Институтот за технологија Џорџија во Атланта.

„Ја направивме минијатурната игла така што е безболна, но сепак ефикасно испорачува мастило за тетоважи во кожата“, објасни Марк Праусниц од тимот кој стои зад развојот. „Ова може да биде начин не само да се направат медицинските тетоважи попристапни, туку и да се создадат повеќе опции за козметички тетоважи поради леснотијата на поставување.

Тетоважите се користат во медицината за покривање на лузни, како и за други естетски интервенции. Тие исто така може да се користат наместо нараквици за да сигнализираат тешки медицински состојби како што се дијабетес, епилепсија или алергии. Достапни се различни козметички производи со помош на микроигли – главно против стареење, но развојот на технологијата за тетовирање со нив е нов.

„Видовме можност… да ги направиме тетоважите подостапни“, објасни Праусниц. „Додека некои луѓе се подготвени да ја прифатат болката и да го жртвуваат времето потребно за тетоважа, други би претпочитале дизајн кој едноставно ја притиска кожата и не боли“.

Микроиглите се помали од зрно песок и се направени од мастило за тетоважа, спакувано во растворлива матрица.

Затоа мастилото „многу ефикасно се депонира во кожата“, објаснува Сонг Ли, која е коавтор на развојот. Иглите може да се притиснат на кожата само еднаш, а потоа да се растворат, оставајќи го мастилото во кожата по неколку минути. Процесот е без крв.

Тетоважите можеби не се видливи, објаснуваат научниците. Се создаваат точки кои се чувствителни на фактори на животната средина како светлина или температурни промени. Ова овозможува цртежот на човечка кожа да биде видлив само под ултравиолетова светлина или повисоки температури. Така корисниците можат да ја прикажат тетоважата ако сакаат.

Тимот тврди дека тетоважата направена со помош на новата технологија може да трае најмалку една година.

Тетоважите со микроигли може да се користат и за кодирање на информации во животинска кожа.

„Нашата цел не е да ги замениме сите тетоважи, кои често се уметнички дела… Сакаме да создадеме нови можности за пациентите, домашните миленици и луѓето безболно и лесно да се тетовираат“, вели Праусниц.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни