Македонија

Одликувани ветераните на образованието, интересот за читање полека исчезнува

Во чест на Денот на наставникот, беа доделени признанија и благодарници за наставниците и ветераните на образованието. Наставникот во пензија, Саќи Ламаџема, вели дека во време кога тие држеле настава,  се соочувале со бројни предизвици, за разлика од сега, кога како што вели, младите не се интересираат доволно за читање и учење.

„И сега младите работат доста, само што интересот на децата за учење и читање е намален. Ова е голем хендикеп за денешните наставници“, изјави Саќи Ламаџема – наставник во пензија.

Министерот за образование пак, Арбр Адеми, вели дека планираат да направат измени во Законот за основно образование.

„Како Министерство за образование и наука со долгогодишните домашни и меѓународни партнери во Република Македонија сме во постојана комуникација. Имаме јасен план како и што треба да се подобри во квалитетот на образованието, со нов Закон за основно образование, со Закон за наставници, со цел да им се овозможи развој во нивната професија“, изјави Арбр Адеми – Министер за образование и наука.

Но, ветеранот на образование, Феми Селмани, вели дека без компјутерска настава и лабораториски методи не можеме да одиме напред.

„Компјутерските настави, лабораториските методи, работата во групи не може да се одржува човечката анатомија, доколку наставата се држи сувопарно. Како што ми изгледа наставникот само оди како фигура. Сакам да кажам наставникот да не трга од плата, туку од работа со децата, кои ќе нѐ заменат. Тие деца треба да излезат на меѓународниот пазар со нивните способности“, изјави Феми Селмани – ветеран на образование.

Министерот за образование уште еднаш вети зголемување на платите за 5% за наставниците, мерка која ќе почне да се  спроведува од септември годинава.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД АБАЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни