Делегација од Република Грција предводена од алтернативната министерка за надворешни работи Атанасиа Анагностопулу, доаѓа во посета на земјава, и ќе оствари средба со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.
Средбата ќе се одржи во Секретаријатот за европски прашања, а во рамки на посетата Анагностопулу ќе оствари средба и со премиерот Зоран Заев, и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.