Македонија

Собранието ги констатира оставките на Тупанчески, Нуредини, Рендевски и Нухиу

Собранието ги констатира оставките на Тупанчески, Нуредини, Рендевски и Нухиу

Собранието денеска ги констатира оставките на министерот за правда Никола Тупанчески и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.

Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Тупанчески, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги образложат оставките пред пратениците.

„Констатирам дека на Тупанчески, Нуредини, Рендевски и Нухиу им престануваат функциите“, рече Џафери.

Пред почетокот на 103. седница, пратениците со едноминутно молчење им оддадоа почит на настраданите во земјотресите во Турција и Сирија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни