Свет

Жена спасена во Турција осум дена по земјотресот

Жена спасена во Турција осум дена по земјотресот

Вчера, 205 часа по разорниот земјотрес што го погоди југот на Турција и северот на Сирија, украинските спасувачи извлекоа жива жена од урнатините во турската провинција Хатај, јави Си-Ен-Ен Турк.

Со нејзиното извлекување од урнатините на зградата во која живеела, бројот на спасените се искачи на седум.

Досега загинаа повеќе од 37 илјади луѓе

Земјотресот од 6 февруари се смета за еден од најлошите во поновата историја на Турција. Бројот на загинати во двете земји надмина 37.000. Иако напорите сега се главно насочени кон помош на преживеаните на кои им недостига храна и кои веќе немаат покрив над главата, спасувачите сепак успеваат да пронајдат живи луѓе.

Меѓу седумтемина спасени се двајца браќа од урнатините на станбен блок во соседната провинција Кахраманмарас, 17-годишниот Мухамед Енес Јенинар и неговиот 21-годишен брат Баки Јенинар.

Претходно денеска, 18-годишниот Мухамед Кафер беше извлечен од урнатините на зграда во јужна Турција, 198 часа по земјотресот од минатиот понеделник. Но, тимот на ОН на терен најави дека операциите за пребарување и спасување се при крај, а вниманието е насочено кон луѓето на кои им треба засолниште и храна, додека се прават напори децата што поскоро да се вратат на училиште.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни