Неколку станари завршија во болница откако вдишиле чад од пожар кој настанал во станбена зграда во Тетово.
Според првичните информации за среќа нема жртви во пожарот, а сите станари успешно биле евакуирани.
Во моментов нејасно е која била причината за пожарот во станбената зграда во Тетово.
На терен изглегле противпожарната единица од Тетово, Брза помош и полиција.
Истрагата ќе треба да ги утврди причините за пожарот.