Свет

Трамп им се предаде на властите: Обвинет за обид за манипулација со гласовите во 2020 година

Трамп им се предаде на властите: Обвинет за обид за манипулација со гласовите во 2020 година

Доналд Трамп подоцна денеска им се предаде на властите во Грузија. Тој е обвинет дека се обидел да ја врати загубата на изборите во 2020 година во државата.

Ова е четврто обвинение за помалку од 6 месеци против поранешниот американски претседател и актуелен главен кандидат на Републиканската партија за изборите следната година.

Над 40 кривични пријави се поднесени против Трамп и уште 18 негови блиски луѓе додека тој беше претседател за обид да ги поништи изборните резултати во Грузија.

Процедурата за екстрадиција на Трамп овојпат ќе се разликува од претходните три.

Тој треба да се предаде во затворот во округот Фултон каде ќе биде изведен пред суд. Ќе биде земен отпечаток од прст и евентуално фотографиран. Неговото предавање на властите ќе се изврши под засилени безбедносни мерки во Атланта.

На почетокот на неделата се договори со судот да плати кауција од 200 илјади долари за да остане на слобода.

Досега, 9 од блиските на Трамп кои се обвинети се предале. Меѓу нив е и неговиот поранешен личен адвокат Руди Џулијани.

Трамп постојано изјави дека обвиненијата против него се „лов на вештерки“ од актуелната американска влада. Во меѓувреме се одржа првата претседателска дебата за номинација на Републиканската партија. Трамп рече дека нема да учествува поради „сериозното водство што го има пред другите кандидати“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни