Македонија

Прекршок од 350 евра за фамозните обврзници од 92 милиони денари на турскиот државјанин

Прекршок од 350 евра за фамозните обврзници од 92 милиони денари на турскиот државјанин

Со потпис на судијката Снежана Марковска од Кривичниот суд во Скопје, турскиот државјанин со запленетите обврзници со пресуда е огласен за виновен. Покрај тоа што му се конфискувани хартиите што ги носел со себе, судијката го задолжила да плати 350 евра глоба и 3.000 денари судски паушал, затоа што не ги пријавил обврзниците кај цариниците, објави Призма.

Пресудата за овој предмет, до која дојде БИРН, открива детали што јавноста не ги знае.

Обвинетиот, како што е наведено во пресудата, е трговски посредник со завршено основно образование, повремено работи, безимотен, татко е на две полнолетни деца и има месечни приходи од 650 евра. Претходно не сторил никаков прекршок.

Пред судот признал дека сторил прекршок, но кажал и дека обврзниците, кои во пресудата се наведени поединечно со сите сериски броеви, се безмалку колекционерски, односно со измината важност и неважечки.

Токму таа била причината поради која не ги пријавил за царинење. Кажал и дека пред да се качи во авионот на компанијата „Пегасус“, неговите документи ги прегледала царинската служба во Истанбул.

Читај повеќе на Призма

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни