14:00 Силно развиена нестабилна облачна маса се наоѓа северно од Скопската Котлина, но го зафаќа и градското подрачје. Проследена е со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во најјакиот дел северно од Скопје има можност и за појава на град.
Нестабилна облачна маса се развива и во Кумановоското подрачје, со најјаки процеси јужно од Куманово.
13:40 Во моментов естабилно е на повеќе места низ земјава. Облачноста е проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Облаците се речиси стационарни. Нестабилна облачна маса се развива и северно од Скопската Котлина и се очекува да зафати делови од Котлината со пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално со поинтензивни процеси.