Во септември Хрватска ги имала најскапите јајца во Европската унија, откриваат новите податоци на Евростат и хрватското Министерство за земјоделство.
Според овие податоци, килограм јајца во Хрватска во септември чинат во просек по 2,75 евра, што е највисоко во ЕУ. Тоа е за околу 24 отсто повеќе отколку во септември минатата година.
На врвот се Австрија со 2,70 евра, Малта (2,57) и Италија (2,52 евра). Просекот на Европската Унија е 2,12 евра, што значи дека јајцата во Хрватска се за 30 отсто поскапи од просекот на ЕУ. Најевтини јајца се во Чешка (1,72 евра за килограм) и Кипар (1,73 евра).
Во 2022 година, Хрватска произведе околу 667 милиони јајца, што е за 69 милиони помалку отколку во 2021 година. Падот затоа е поголем од 9 проценти, пренесува Seebiz.
Во првите седум месеци од годинава Хрватска извезла околу два милиони тони јајца, а увезла околу 2,13 милиони тони. Најмногу јајца се увезуваат од Албанија, Бугарија и Полска.
Само од Албанија увезуваат стотици илјади килограми поевтини јајца годишно, а сепак ги имаат најскапите јајца во ЕУ.