Свет

Германската влада одобри закон кој им дозволува на барателите на азил да работат порано

Германската влада одобри закон кој им дозволува на барателите на азил да работат порано

Германската влада во средата одобри закон со кој на барателите на азил ќе им се овозможи порано да започнат со работа и план за заострување на казните за луѓето кои криумчарат мигранти.

Пакетот поддржан од владата, кој бара одобрување од парламентот, е последниот во серијата чекори преземени неодамна од страна на германската влада во обид да се справи со миграцијата како главно политичко прашање, изјави Танјуг за АП.

Минатата недела беше одобрен закон кој има за цел да го олесни депортирањето на одбиените баратели на азил.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделник ќе одржи средба со 16 гувернери на германските покраини, со кои се очекува да разговара за миграцијата.

Засолништата за мигранти и бегалци се полнат низ Германија во последните месеци, а Шолц, кој се соочи со огромен притисок од опозицијата поради мигрантите, рече дека премногу доаѓаат.

Квалификувана работна сила

Во Германија има повеќе од милион Украинци кои пристигнале од почетокот на војната со Русија.

Покрај тоа, на Германија и недостасува квалификувана работна сила.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер рече дека според владиниот план, на барателите на азил ќе им биде дозволено да започнат со работа по три до шест месеци во Германија, што е помалку од деветте месеци што треба да чекаат сега.

Покрај постоечкиот план за привлекување на повеќе квалификувани работници, Германија мора најдобро да го искористи професионалниот потенцијал и квалификациите на луѓето кои веќе живеат во Германија, рече таа.

„За да го направиме тоа, мораме што поскоро да ги вклучиме во бизнисот“, рече Фезер.

Таа изјави дека паралелно се прават напори за проширување на курсевите за интеграција каде новодојдените го учат германскиот јазик.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни