Свет

Нема да испраќа помош за Украина, исламот го презира: Кој е Герт Вилдерс, новиот премиер на Холандија?

Нема да испраќа помош за Украина, исламот го презира: Кој е Герт Вилдерс, новиот премиер на Холандија?

Поради опишувањето на исламот како „идеологија на ретардирана култура“ и нарекувајќи ги Мароканците „ѓубриња“, многумина го споредија со поранешниот американски претседател Доналд Трамп

Антиисламскиот популист Герт Вилдерс освои најмногу гласови на парламентарните избори во Холандија.

По 25 години во Парламентот, неговата Партија на слободата треба да освои 37 пратенички места, што е многу повеќе од второпласираниот противник.

Неговата победа силно ја потресе политиката во Холандија.

По неговата очекувана победа, многумина се прашуваа кој е навистина Герт Вилдерс?

Герт, екстремен десничар, е познат по својата руса коса и агресивната антиисламистичка и антиимиграциска политика.

Поради своите ставови во предизборната кампања, цело време беше во центарот на вниманието, а токму тоа сакаше да го постигне.

За опишување на исламот како „идеологија на ретардирана култура“ и нарекувајќи ги Мароканците „ѓубриња“, многумина го споредија со поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Причината за тоа е неговата запалива реторика, како и користењето на социјалните мрежи за искажување на неговите контроверзни ставови.

Кој е Герт Вилдерс?
Герт е роден во 1963 година во Венло, град во близина на границата со Германија. Тој израснал во католичко семејство со неговите родители, две сестри и брат.

Тој влезе во политиката како член на Народната партија, но ја напушти таа партија поради нејзиниот мек став кон исламот и миграцијата.

После тоа, во 2004 година, тој ја основа Партијата на слободата (ПВВ), а во срцето на неговата политика беше антиисламската политика. Тој објасни дека неговиот презир кон исламот бил поттикнат од убиството на радикалниот исламофоб и филмски режисер Тео ван Гог во 2004 година, како и неговиот престој во кибуци во Израел, пишува Гардијан.

Иако е политичар кој добро ги разбира медиумите, се чини дека откако се појавија помладите десничарски партии во Холандија, падна во заборав.

Но, постојаното присуство на Вилдерс во холандската политика, како и сè пожестоката дебата за имиграцијата во Холандија, се чини дека конечно го погодија пошироката група гласачи.

Во пресрет на изборите, Вилдерс, исто така, се обиде да ублажи дел од неговата антиисламска реторика, навестувајќи дека би можел да се откаже од предложената забрана за џамии и Куранот, потег што неговите критичари го нарекоа опортунистички.

Наместо тоа, тој се фокусираше на растечките економски грижи, ветувајќи дека ќе ја реши станбената криза и ќе се справи со инфлацијата, притоа прикажувајќи ги постапките на климатските активисти како нова форма на тиранија од Хаг.

Сепак, некои од неговите поекстремни предложени мерки, кои вклучуваат враќање на холандските гранични контроли, приведување и депортирање на илегални имигранти и повторно воведување на работни дозволи за работниците од ЕУ, суштински би ја промениле ДНК на Холандија.

Како и другите лидери на екстремната десница во Европа, Вилдерс го пофали владеењето на Владимир Путин, спротивставувајќи се на, како што рече, „хистерична русофобија“ во Европа.

Четири години откако Русија го анектираше полуостровот Крим, Вилдерс отпатува за Москва и се состана со високи руски претставници во Државната дума. Патувањето беше остро осудено од роднините на холандските жртви од соборувањето на летот MH17, кои го обвинија за игнорирање на вмешаноста на Москва во катастрофата.

Од руската инвазија на Украина, Вилдерс донекаде се огради од Кремљ, нарекувајќи ја инвазијата грешка.

Сепак, се чини дека нема да ја има истата политика кон Украина како неговиот претходник Марк Руте кој се залагаше Холандија да испрати воени авиони во Киев.

Во една од последните дебати пред изборите, Герт рече дека нема да се залага за дополнително испраќање воена помош за Украина.

Како ќе се снајде на новата функција и со која од партиите ќе коалицира, останува да видиме.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни