Балкан

ОСОМНИЧЕНИТЕ ОСТАНУВААТ ЗАД РЕШЕТКИ: Судот донесе одлука за случајот за убиството на Дејан Костиќ Дела

ОСОМНИЧЕНИТЕ ОСТАНУВААТ ЗАД РЕШЕТКИ: Судот донесе одлука за случајот за убиството на Дејан Костиќ Дела

Едномесечен притвор на четворица осомничени за убиство и помагање во убиството на Дејан Костиќ Дела во Бања Лука им одреди ОКЛУЖНИОТ суд во Бања Лука, соопшти овој суд.

Притвор им е одредена на Н.С. поради сомнение дека сторил тешко убиство, Н.К. осомничен за помагање во тешко убиство, Ј.К. обвинет за поттикнување на тешко убиство и Ј.Г. за помагање на сторителот по извршувањето на кривичното дело.

Лицата Н.С и Н.К се во бегство, а Окружното јавно обвинителство Бањалука му предложило на Окружниот суд да им одреди притвор и да им издаде налог.

Окружното јавно обвинителство на Бањалука претходно предложи Јеленко Копрановиќ и Јовица Грујиќ да бидат притворени за убиството на Костиќ.

Костиќ е убиен во саботата вечерта околу 18:50 часот на паркингот во ресторанот Стара ада, кога непознато лице пукало во него со пиштол.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни