Балкан

Два земјотреси со јачина од 4,5 и 5 степени утрово го стресоа Санторини

Два земјотреси со јачина од 4,5 и 5 степени утрово го стресоа Санторини

Два земјотреси со јачина од пет и 4,5 степени го погодија грчкиот остров Санторини, соопшти утрово Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Земјотрес со јачина од 4,5 степени се случи на 30 километри североисточно од градот Фира на Санторини, во 9:11 часот.

Неколку минути подоцна, во 9:16 часот, земјотрес од пет степени се случи на 12 километри североисточно од Фира.

Грчката влада вчера прогласи вонредна состојба на Санторини, откако островот во Егејското Море беше погоден од серија земјотреси во последните неколку дена, што резултираше со евакуација на повеќе од 10.000 жители и туристи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни