Покажувајќи ни ги сликите, вели дека неговиот локал е ист веќе 13 години. Нефи Усеини, сопственик на ресторан во Охрид, кој е обвинет дека има дивоградба, вели дека веќе 13 години платил се што треба. Тој тврди дека ги поседува сите документи за да потврди дека има дозвола за локалот и дека нема ништо илегално во изградбата на објектот. Локалот се наоѓа во центарот на Охрид и според Усеини доколку општината одлучила да го урне неговиот локал, тогаш ќе треба да урне уште многу други локали кои се наоѓаат до езерото, и според него, во Охрид има 1.401 дивоградби.
„Град Охрид има 1.401 дивоградби кои постојат веќе неколку години. Мојот локал со документација не е нелегален, имам документи. Овој документ е од 2019 година и е изгласан од општинскиот совет за летна тераса и со овој документ градоначалникот требаше да ни даде дозвола како и секоја друга година. Еве ги плаќањата за 2018 година и потписот на градоначалникот. Еве ги и на другите години, секоја година се е платено. Како е можно во 2018 година да се изгласа и да добиеме дозвола, а во 2019 да се изгласа и да не добиеме дозвола“, вели Усеини.
Усеини тврди дека „сите му се качиле на глава“ бидејќи тој е единствениот Албанец кој поседува локал во Охрид.
„Дивоградбите во близина на езерото, хотелите, рестораните, терасите, јас сметам дека треба да има правда од општината. Државата нека презема мерки и да ги урне тие објекти кои се до езерото, кои го загризуваат градот Охрид со исклучување од УНЕСКО“, рече Усеини.
Доколку излезете да шетате покрај езерото, на тротоарите ќе забележите тераси на локалите кои узурпирале јавен простор. За да продолжите ќе треба да го смените правецот на движење. Влеговме во еден од тие локали и прашавме дали имаат документација за терасата, менаџерот не сакаше да зборува пред камера но ни рече дека ќе ни ја испрати документацијата на електронска пошта. Влеговме и во друг локал за да прашаме, но менаџерот не беше таму. Контактиравме телефонски, и ни рече дека ја имаат потребната документација за терасата на тротоарот.
Според законот, градбите да бидат оддалечени 50 метри од водата, но во Охрид има и тераси во самото езеро. Се обидовме да стапиме во контакти и со општина Охрид, но оттаму не одговорија на нашите повици.
РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ