Свет

Трагедија во Белгија: Бебе почина откако таткото го заборавил во автомобилот!

Трагедија во Белгија: Бебе почина откако таткото го заборавил во автомобилот!

Петнаесетмесечно бебе е пронајдено мртво во автомобил во белгискиот град Намир, откако се посомневало дека со часови било оставено на жештина, пишува Heute.

Според првите наоди, детето починало од хипертермија – топлотен удар, без траги на насилство или влијание од трета страна, соопшти обвинителството во Намир, град на околу 70 километри југоисточно од Брисел.

Како што е потврдено, покрената е истрага под сомнение за убиство од небрежност.

Целта на истрагата е да се утврди како детето било заборавено, колку долго било заклучено во возилото и дали можело да се спаси.

Таткото го заборавил детето на пат кон работа

Според извештаите на локалните медиуми, таткото отишол на работа кобното утро и заборавил да го остави детето во градинката.

Очигледно, бебето седело во автомобилот на паркингот на работното место на мажот неколку часа додека тој бил на работа, несвесно што се случува.

Дури кога бабата и дедото дошле да го земат детето од градинката, сфатиле дека го нема таму.

Потоа бил повикан таткото, кој во паника истрчал кон автомобилот, каде го пронашол своето дете во несвест.

Била повикана брза помош, но медицинскиот тим можел само да констатира смрт.

Жештината е фатална за малите деца

Белгиските власти соопштија во четврток попладне дека температурата била околу 25 степени Целзиусови, доволно за да се загрее затворен автомобил на опасно високи нивоа за неколку минути.

Според проценките на експертите, внатрешноста на возилото на сонце може да достигне над 50 степени, што може да биде фатално за малите деца за многу кратко време.

Судските лекари потврдија дека причина за смртта е топлотен удар, односно хипертермија, и дека нема траги од физичко насилство.

Сепак, истрагата ќе ги испита сите околности и ќе утврди дали имало некакви пропусти во однесувањето на родителите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни