Специјалниот обвинител на Јужна Кореја поднесе ново обвинение против поранешниот претседател на земјата, Јун Сук Јеол, за наводна злоупотреба на службената должност за време на прогласувањето воена состојба на 3 декември, објави денес тим обвинители.
Ова е трето обвинение против Јун, со притвор, по претходните во јануари и март, кои исто така беа поврзани со неговите постапки за време на воената состојба и други злоупотреби на неговата позиција, објави Јонхап.
Според тимот предводен од специјалниот обвинител Чо Еун-сук, Јун е обвинет за кршење на правата на членовите на кабинетот за време на одлуката за воведување воена состојба, за ретроактивно собирање документи и за наредба за бришење на податоци од шифрирани телефони.
Поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол обвинет за злоупотреба на службената должност