Најмалку 20 лица се повредени откако возило удрило во толпа луѓе на улица во Лос Анџелес, во инцидент што се случил на булеварот Санта Моника, во близина на Холивуд.
Противпожарната служба на Лос Анџелес (LAFD) соопшти дека на местото на несреќата имало повеќе повредени лица и дека се работи за удар од „непознато возило“ кое се забило во група граѓани, пренесува American Sun.
Според последните информации, пет лица се во критична состојба, меѓу осум и десет се со сериозни повреди, додека околу дванаесетмина се здобиле со полесни повреди.
Надлежните служби веднаш пристигнале на местото на несреќата, а истрагата е во тек за да се утврдат причините и околностите под кои се случил инцидентот. Властите засега не откриваат дали станува збор за сообраќајна несреќа или намерен напад.