Свет

ВИДЕО Судир на два авиона на аеродромот Чарлстон 

ВИДЕО Судир на два авиона на аеродромот Чарлстон 

Инцидент помеѓу два патнички авиона предизвика голема итна интервенција на меѓународниот аеродром Чарлстон во Јужна Каролина, во петокот навечер (18 јули), јавува телевизијата WCSC.

Авион на авиокомпанијата Breeze Airways, кој летал на релација Лас Вегас – Норфолк, Вирџинија, бил принуден да слета на аеродромот во Чарлстон околу 21:30 часот поради грмотевична бура во областа на дестинацијата. По слетувањето, додека леталото се наоѓало на пистата за дополнително полнење гориво, околу 21:49 часот било удрено во задниот дел од авион Boeing 787-10 на јапонската авиокомпанија ANA, кој се движел по пистата.

Од Breeze Airways потврдуваат дека сите патници биле успешно евакуирани, а двајца од нив биле прегледани поради лесни повреди. „Соработуваме со надлежните институции за да ги утврдиме причините за инцидентот“, соопшти авиокомпанијата.

Во изјавата се додава дека нов авион полетал од Чарлстон кон Норфолк во 01:20 часот наутро за да ги пренесе патниците до нивната крајна дестинација.

Надлежните започнаа истрага за инцидентот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни