Свет

Зеленски: Киев ѝ испрати на Москва понуда за нова рунда преговори следната недела

Зеленски: Киев ѝ испрати на Москва понуда за нова рунда преговори следната недела

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, ѝ испратил на Москва понуда за одржување нова рунда преговори следната недела.

Во своето вечерно обраќање до нацијата, Зеленски нагласи дека динамиката на преговорите треба да се забрза и дека треба да се направи сè за да се постигне прекин на огнот, пренесува Укринформ.

„Руската страна треба да престане да се крие од одлуките. Размена на затвореници. Враќање на деца. Запирање на убиствата. И потребен е состанок на ниво на лидери за навистина да се обезбеди мир – навистина траен. Украина е подготвена за таков состанок“, нагласи претседателот на Украина.

Зеленски изјави дека разговорите со руската страна во врска со размените се во тек, дека Украина продолжува да ги исполнува договорите од последниот состанок во Истанбул и дека тимот моментално работи на уште една размена.

Последната размена на затвореници меѓу Украина и Русија се одржа на 4 јули.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни