Свет

Кипар: Четири села евакуирани поради шумски пожар

Кипар: Четири села евакуирани поради шумски пожар

На првиот ден од новиот топлотен бран на Кипар и ненадејното зголемување на температурата на воздухот, пожарникарите денес се бореа да го локализираат огромниот шумски пожар што предизвика евакуација на најмалку четири села.

Кипарските власти објавија дека пожарот беснее во област северно од градот Лимасол и дека силните ветрови и високите температури го отежнуваат неговото гаснење, јавува Ројтерс.

„Можам да потврдам дека е предизвикана значителна штета на некои станбени згради“, изјави портпаролот на противпожарната служба Андреас Кетис за кипарската државна телевизија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни