Ракометната федерација на Македонија утрово соопшти дека женската репрезентација на Грција го прекинува настапот на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“.
Причината, како што информираат од РФМ, е вирусна инфекција која зафатила дел од грчките ракометарки. Федерацијата им посака брзо закрепнување и изрази благодарност за нивното досегашно учество и придонес кон турнирот.
На турнирот, покрај македонската репрезентација, настапуваат и селекциите на Египет и Тунис.