Демократската унија за интеграција ја информира јавноста дека денеска претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети, ја свика првата седница на Претседателството на Генералниот совет.
Седницата се одржа во Тетово, на 23 декември 2025 година, со почеток во 17:00 часот, и го означува почетокот на работата на овој значаен раководен орган во рамки на структурите на ДУИ.
На седницата беше разгледан и усвоен Деловникот за работа на Претседателството на Генералниот совет, како основен акт за функционирање, координација и одлучување на овој орган. Исто така, беа водени дискусии и беа донесени значајни одлуки поврзани со организацијата на секретаријатите, како и со понатамошното структурирање на Демократската унија за интеграција.
Во рамки на овие одлуки беа извршени именувања на клучни организациски функции, и тоа:
- Шеф на кабинет: Фатон Ахмети
- Портпаролка на ДУИ: Арта Билали-Зенедели
- Советник на претседателот на ДУИ за односи со САД: Шемшедин (Сам) Беќири
Претседателот Али Ахмети, исто така, го информираше Претседателството на Генералниот совет за именувањето на претседателите на ограноците, и тоа:
- Тетово: Бајрам Реџепи
- Куманово: Ридван Асани
- Струга: Фатон Положани
- Гостивар: Валдет Џафери
- Чаир: Бујар Османи
Воедно, претседателот даде насоки до сите именувани претседатели на ограноци да ги извршуваат програмските и статутарните обврски за организирање и консолидирање на подограноците и соодветните ограноци.
Демократската унија за интеграција останува посветена на зајакнување на внатрешните организациски структури и на унапредување на реформите насочени кон зголемување на политичката и институционалната ефикасност на партијата.