Во полициска операција против дилери на дрога се уапсени неколку лица.
Како што дознаваат медиумите, во акција на Полициската управа на Нови Сад и Одделот за кривични истраги се уапсени четири лица, а запленети се 80 килограми марихуана, одредена количина кокаин, два автомобила и голема количина пари за кои се сомнева дека потекнуваат од продажба на дрога.
Уапсените се задржани до 48 часа по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград поради сомнение за сторено кривично дело Неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги.
Според неофицијални информации уапсени се П. Б. (23), М. Н. (32), С. Б. (28) и С. С. (27).