Почна да се спроведуваат мерките усвоени од Владата за превентива од свинската африканска чума. Во недела 100 ловџии од Македонски шуми, ќе ловат диви свињи. Ловењето ќе почне во Паланечкиот регион, зона во близина на Бугарија и Србија, каде вирусот се појавил. За превентивните мерки, со ребаланс на буџетот на Владата, се одвоени 65 милиони денари. Според министерот за земјоделство, Трајан Димковски, тоа е мала сума за разлика на штетата која може да биде предизвикана на државниот буџет доколку чумата ги зарази свињите. Во тој случај освен дивите, ќе пцовисаат и домашните свињи.
Што се однесува до пожарите во шумите, ловџиите знаат да се штитат и има шумари, велат од Македонски шуми. Но, продолжува забраната за движење на граѓаните во шуми, посебно сега кога ќе има лов на диви свињи.
Од ловечката федерација се песимисти и велат дека нема да се постигне ултиматумот за 10 дена да се убијат 50% од свињите и не прифаќаат војската да се вклучи во ловењето на дивите свињи. Од Федерацијата велат дека ќе бидат ловени само свињите кои го надминуваат капацитетот на лов, поради тоа што, како што велат, зголемениот број на свињи може да предизвика штети врз земјоделството и може да се шират заразни болести.
Како превентива за свинската африканска чума, Владата усвои мерки со што ќе се намали бројот на свињи, има засилување и постојани контроли на царина, со што се конфискува свинското месо доколку се најде кај патници. Исто така е забранет и импортот на свинското месо.
Во врска со овие мерки, реагираше и Здружението за заштита на животните, Анима Мунди. Според нив, ловењето на свињи е монструозно и само во Северна Македонија се трошат 65 милиони денари од буџетот за овој брутален масакр. Економската штета, доколку се појави болеста меѓу свињите, ќе намине 100 милиони евра годишно.
РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ