Свет

Влошување на здравствената состојба на Французинка, позитивна на хантавирус

Влошување на здравствената состојба на Французинка, позитивна на хантавирус

Здравствената состојба на Французинката која патувала со крузерот Hondius и била позитивна на хантавирус се влошила во текот на изминатата ноќ, изјави министерката за здравство на Франција, Стефани Рис.

Таа потврди дека 22 француски државјани се идентификувани како блиски контакти на заболената жена, пренесува Figaro.

Рис изјави дека осум француски државјани на летот од Света Елена до Јоханесбург биле ставени во изолација пред речиси една недела, додека уште 14 француски државјани биле на втор лет од Јоханесбург до Амстердам и добиле инструкции да се самоизолираат дома и да ги контактираат француските здравствени власти.

Директорот на одделот за епидемиологија на нови болести во Пастеровиот институт во Париз, Арно Фонтане, изјави дека стапката на смртност кај заразените со хантавирус изнесува од 30 до 50 проценти.

„Патничката од бродот MV Hondius, која беше позитивна на хантавирус, во текот на ноќта доживеа брзо влошување на здравствената состојба“, потврди Фонтане.

Тој додаде дека заразените пациенти можат да развијат белодробни компликации, а во случајот со француската пациентка, напредувањето на болеста е брзо.

„Пријавени се од 50 до 100 случаи и во Аргентина. Глодарите се преносители на хантавирусот, главно во рурални подрачја. Тоа објаснува зошто во историјата немало поголеми жаришта“, изјави Фонтане.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни