Балкан

ВИДЕО Погледнете како страшна бура уништи работилница за само 1 минута

ВИДЕО Погледнете како страшна бура уништи работилница за само 1 минута

Силното невреме што денес ја погоди Србија предизвика проблеми и за еден жител на Краљево. Имено, за само неколку секунди, неговиот двор изгледаше непрепознатлив, а силен ветер го однесе покривот од неговата работилница.

Како што може да се види на видеото, кое трае само 28 секунди, силен ветер го однесе лимениот покрив и тој падна на средина од дворот, а лице кое во тој момент било надвор за малку избегнало трагедија бидејќи покривот можел да падне врз неа.

„Минута работа и работилницата остана без покрив?“ напиша тој на својот Фејсбук под видеото.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни