Македонија

Минчев: При преземање на функцијата затекнав 30 со договори на дело кои не доаѓаа на работа, веднаш им беа раскинати договорите

Минчев: При преземање на функцијата затекнав 30 со договори на дело кои не доаѓаа на работа, веднаш им беа раскинати договорите

Министерот за јавна администрација Горан Минчев вели дека во Министерството со кое раководи нема вработени кои земаат плата, а не доаѓаат на работа.

Во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Минчев рече дека при преземањето на функцијата затекнал повеќе од 30 лица ангажирани со договори на дело кои, според него, не доаѓале на работа.

„Првиот ден им беа раскинати договорите“, изјави Минчев.

Тој додаде дека сега може да гарантира дека во Министерството за јавна администрација сите вработени доаѓаат на работа и примаат плата согласно работниот ангажман.

Според Минчев, контролата на присуството на вработените е одговорност на раководителите на институциите.

„Секој менаџер, раководител на институција има сопствена одговорност“, рече министерот.

Минчев нагласи дека целта на Владата е ваквите појави да бидат целосно надминати, но додаде дека во моментов не располага со конкретна бројка за тоа колку вработени во целиот јавен сектор не доаѓаат на работа, а примаат плата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни