Македонија

Петров за затворената дебата на иницијативата 12:05: Овозможи слободна дискусија без злоупотреби

Петров за затворената дебата на иницијативата 12:05: Овозможи слободна дискусија без злоупотреби

Со цел да им се овозможи на учесниците слободно да ги искажат своите ставови без страв од политички злоупотреби, последната дебата беше организирана зад затворени врати, според познатото правило „Чатам хаус“ (Chatham House). Ова го истакна проф. д-р Андреј Петров во своето гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Петров објасни дека затворениот формат бил избран токму за да им се даде простор на поединци кои не сакаат јавно да се експонираат – меѓу кои и седум до осум универзитетски професори кои немаат партиска заднина – отворено да дебатираат без нивните зборови да бидат извлечени од контекст.

„Прво дозволивме камерите да влезат, да снимаат и јавноста да види кој е присутен. Се снимаа и изјавите на учесниците, како оние на професорот Ивановски и на пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, што е доказ за нашата отвореност. По дебатата беше испратено консолидирано и усогласено соопштение до сите медиуми“, изјави Петров.

Тој додаде дека транспарентноста се потврдува и со зачестените медиумски гостувања на учесниците – како пратеничката Славјанка Петровска на Сител ТВ и неговото гостување на 4ТВ.

„Немаме што да криеме и сакаме да се соочиме со јавноста. Сметаме дека сè што направивме е издржано и имаме добра волја да направиме уште многу повеќе“, заклучи Петров.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни