Македонија

По 30 години домашна сопственост: „Тинекс“ има нов сопственик

По 30 години домашна сопственост: „Тинекс“ има нов сопственик

Од изминатиот петок, еден од најголемите домашни малопродажни синџири, „Тинекс“, официјално премина во рацете на нов сопственик. По повеќе од три децении домашна сопственост, компанијата „Проекс Интернационал“ од Приштина го презеде малопродажниот бизнис преку новоформираното друштво „Тинекс Маркет“.

Со оваа трансакција, која претходно доби одобрение од Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК), се опфатени сите познати брендови на синџирот: „Тинекс“, „СуперТинекс“, „Тинекс Деликатес“, „Конто“ и „Спот“. За нов управител е именуван Лиридон Бериша од Косово, кој доаѓа со богато менаџерско искуство во регионалниот сектор на супермаркети.

Промената на сопственоста следува по финансиски предизвикувачки период за компанијата. Во 2025 година, приходите на „Тинекс“ забележаа пад од 16,5% (на 5,31 милијарди денари), а годината беше завршена со нето-загуба од 217 милиони денари. Новиот сопственик, „Проекс Интернационал“, е дел од поширока групација од Косово со активности во малопродажбата, дистрибуцијата, логистиката и трговијата со нафтени деривати.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни