Неколку десетици граѓани вечерва се собраа пред зградата на Радио-телевизија Србија (РТС) во Белград. Окупувањето се одвива во мирна и позитивна атмосфера, а посебно внимание привлече видео-снимката на која се гледа како собраните граѓани играат традиционално коло пред објектот на јавниот сервис.
Според снимките објавени на социјалните мрежи, граѓаните заиграа пред влезот на РТС, а засега нема информации за какви било инциденти.
Засега не е познато кој е официјалниот организатор на ова собирување, ниту пак дали граѓаните упатиле конкретни барања до раководството на националната телевизија.
Собирувањето пред РТС се случува во истата вечер кога низ цела Србија се слави победата на Студентската листа на вчерашните парламентарни избори. На београдскиот трг Славија се собраа повеќе илјади луѓе, а прославата се одвива со музика, знамиња, факели и огномет. Студентите во блокада ги повикаа сите на славење и порачаа дека нема место за судири и насилство.
Још милог народа и кола испред РТС https://t.co/VIKa8x39Ci
— Dusan Milenkovic (@dmilenkovic) October 26, 2026
Според прелиминарните резултати на Републичката изборна комисија, Студентската листа освои 52,73% од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ доби 39,15%.ж
Оваа вечер одбележа уште еден значаен настан. Покрај собирувањето пред РТС и пред телевизија Пинк, група граѓани влегоа и во просториите на провладиниот таблоид Информер.
Според извештаите, тие го прекинаа телевизискиот програм во живо, по што главниот уредник Драган Ј. Вучиќевиќ и дел од вработените го напуштија студиото.
За разлика од настаните во Информер, собирувањето пред зградата на РТС засега протекува целосно мирно, со песна и ора.