Македонија

Приведен скопјанец за измама на над 1,5 милиони денари – и подигнал станбен кредит, па потоа не сакал да се види со оштетената

Приведен скопјанец за измама на над 1,5 милиони денари – и подигнал станбен кредит, па потоа не сакал да се види со оштетената

30-годишен скопјанец бил лишен од слобода откако негова 40-годишна познаничка пријавила дека ја измамил за 1.558.300 денари, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, двајцата претходно се договориле и подигнале станбен кредит од банка. По завршувањето на процедурата, мажот наводно ѝ ги зел парите, а потоа одбивал да се види со неа.

Случајот бил пријавен во полиција, по што на 26 октомври 2026 година, во 18:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.К. (30).

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни