Македонија

Државата собра околу 10 милиони евра годишно од казните на „Safe City“ – Тошковски: Не се стремиме да го полниме буџетот

Државата собра околу 10 милиони евра годишно од казните на „Safe City“ – Тошковски: Не се стремиме да го полниме буџетот

Околу 10 милиони евра годишно би можеле да се слеваат во државниот буџет од сообраќајните казни што ги регистрира системот „Безбеден град“. Ова се првичните процени на Министерството за внатрешни работи, а министерот Панче Тошковски нагласува дека конечната сума сè уште не може да се утврди, бидејќи годината не е завршена.

„Вкупните приливи што се очекува годишно да влегуваат во државниот буџет изнесуваат околу 10 милиони евра. Ова не се точно утврдени бројки. Годината сè уште не е завршена, но врз основа на актуелната динамика, очекувањата се дека сумата ќе биде околу 10 милиони евра“, изјави Тошковски.

Од вкупните средства, 25 проценти, односно околу 2,5 милиони евра, ќе бидат наменети за буџетот на Министерството за внатрешни работи. Парите, како што појасни министерот, ќе се реинвестираат во развојот и унапредувањето на системот „Безбеден град“.

„Токму 25 проценти се наменети за буџетот на Министерството за внатрешни работи. Овие средства ќе бидат реинвестирани во сè што е поврзано со спроведувањето и унапредувањето на системот ‘Безбеден град’“, рече Тошковски.

Тој повтори дека главната цел на проектот не е полнење на државната каса преку изрекување казни, туку зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни прекршоци.

„Повторувам по милијардити пат, целта на овој проект не е полнење на државниот буџет“, изјави министерот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни