Во живо 20:00 „Ноќно студио“ со Анастасија Павловска „Кој ги следи студентите“ Гледај
Македонија

Алта банка ја отвора и експозитурата во Скопје: Овозможено електронското и мобилното банкарство, преку картица може да се извади до 15 илјади денари

Алта банка ја отвора и експозитурата во Скопје: Овозможено електронското и мобилното банкарство, преку картица може да се извади до 15 илјади денари

АЛТА банка АД Битола од денеска, 10 ноември, овозможи извршување плаќања преку електронското и мобилното банкарство, во рамките на утврдените лимити за користење на средствата на клиентите.

Според соопштението на банката, клиентите кои поседуваат платежни картички ќе можат да располагаат со најмногу 15.000 денари неделно, додека за оние кои немаат платежни картички е утврден лимит од 20.000 денари за период од две недели.

Од банката појаснуваат дека ограничувањата важат збирно за сите сметки и начини на користење на средствата. Тоа значи дека во утврдените лимити се вклучени плаќањата со картички, подигањето готовина од банкомати и на шалтер, како и трансакциите преку електронското и мобилното банкарство.

Истовремено, од АЛТА банка информираат дека од утре, 11 ноември, со работа започнува и експозитурата во Скопје, лоцирана во трговскиот центар „Бисер“, на булеварот „Јане Сандански“ бр. 1/1.

Експозитурите во Битола, Струмица и Тетово продолжуваат со редовните активности и обезбедување на досега достапните банкарски услуги.

Од банката најавуваат дека клиентите навремено ќе бидат информирани за сите дополнителни промени и евентуално проширување на услугите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни